еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Турција донира влечен воз на македонската Армија

Во касарната „Страшо Пинџур” во Петровец денеска се одржа примопредавање на донацијата од Република Турција – влечен воз за потребите на македонската Армија.

На приморедавањето на кое беше извршена куса презентација и демонстрација на возилото, присуствуваа министерката Радмила Шекеринска, амбасадорот на Република Турција, Хасан Мехмет Секизкок, претставници на Генералштабот и други гости.

„Со овој влечен воз кој што е произведен во Република Турција, и ја покажува и силата на одбранбената индустрија кај нашите пријатели, ќе обезбедиме целосен, сигурен и ефикасен транспорт на многу наши единици и опремата која што ја користат.

Возилото ќе биде наша логистичка поддршка и обезбедување на транспорт на нашите инженериски машини, како и на сите наши оклопни возила, сегашни и оние кои што ќе ги користиме во иднина„, рече министерката Шекеринска.

Како што додаде, во овој домен Армијата ќе биде целосно опремена, а воедно ќе се постигне многу поголема мобилност и брзина во реакциите.

На Криволак, посочи министерката, се присутни речиси сите инженериски машини кои што ги поседува Армијата и доколку би било потребен итен транспорт за Скопје, или во било кој дел од нашата држава, првото прашање кое што треба да го решаваме е како да го транспортираме.

Со овој влечен воз, тоа прашање го решаваме целосно, нагласи Шекеринска и подвлече дека тој ќе биде многу важна алка во градењето на нашите одбранбени НАТО капацитети.

„Влечниот воз ја помага интероперабилноста, но во исто време тој ќе дава шанса Армијата да ја игра улогата која ја игра и во друг тип на кризни состојби – оние врзани со природни катастрофи, со интервенции во различните општини”, истакна министерката Шекеринска.

Амбасадорот на Република Турција, Хасан Мехмет Секизкок нагласи дека со зачленувањето во НАТО, земјава уште повеќе ќе се зајакне воената соработка меѓу двете држави.

„Ова го реализираме со конкретни чекори, како денешниот настан. Ќе продолжиме и во иднина максимално да ги искористуваме можностите за соработка од областа на одбранбената индустрија.

Турција, како меѓународно реномирана земја со акумулирани вредности во областа на одбранбената индустрија, ќе продолжи и во иднина да го поддржува својот сојузник преку пренесување на своето искуство и квалитет во Северна Македонија„, посочи амбасадорот.

Преку обостраните посети од највисоко ниво, рече тој, кои ќе се реализираат во билатерална рамка, ќе се утврдат нови проекти и области кои уште повеќе ќе ја унапредат нашата соработка во областа на одбранбената индустрија.

Влечниот воз ќе биде наменет за транспорт на оклопни возила и тешка механизација, операции за кои досега се трошеа средства за изнајмување.

Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Единасетта жртва на корона вирусот во Штип

Редакција

Камбовски: Предложените измени не се спротивни на основните начела на Уставот

Редакција

(Видео) Мицкоски од Благоевград: Правото на самоопределување е неприкосновено и загарантирано со сите меѓународни акти

Редакција