еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Мицкоски од Благоевград: Правото на самоопределување е неприкосновено и загарантирано со сите меѓународни акти

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој денеска заедно со лидерот на Левица, Димитар Апасиев присуствуваа на отворањето на македонскиот културен клуб во Благоевград пред медиумите изјави дека правото на самоопределување кое е неприкосновено и загарантирано со сите меѓународни акти треба да го почитуваат сите, посебно земјите членки на Европската унија.

– Тука сме да ја испратиме пораката дека ние сме Македонци кои зборуваат македонски јазик и доаѓаат од Македонија. И за тоа во 21 век веќе не треба никој да има дилема, ниту треба воопшто да се разговара. Треба да се почитува правото на самоопределување, а нашето право да се самоопределиме како Македонци е неприкосновено и загарантирано со сите меѓународни акти, рече Мицкоски пред отворањето на клубот.

Прашан зошто не се почитува правото на бугарските Македонци, Мицкоски истакна дека со македонскиот Устав е загарантирано правото на сите малцинства кои живеат во државата и дека македонскиот Устав е согласно сите меѓународни норми и правила.

– Прашањето е зошто правото на Македонците во Бугарија не е признаено. Секое малцинство во Македонија си има свои права загарантирани со Уставот и според последниот попис 1.500 Бугари имаа право да се определат, рече Мицкоски.

Одговарајќи на прашања од бугарските медиуми, Мицкоски праша дали се запрашале зошто пред влезот на Бугарија во Европската унија немало Македонци со бугарски пасоши.

– Сте го поставиле ли прашањето зошто пред влезот на Бугарија во Европската унија имаше нула Македонци со бугарски пасоши. Поради определени економски причини некои од нив можеби одлучиле да извадат пасоши, рече Мицкоски.

Според Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ не е причината што подгрева тензии, туку причината која обединува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Транспаренти “Македонија е бугарска“ во Благоевград за отворањето на македонскиот клуб

Македонскиот клуб во Благоевград не бил регистриран, а како да се регистрира кога Бугарија не дозволува

МИА/Фото: Фејсбук/Мицкоски/Видео: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пратениците ќе ги добијат сите документи, но не и Протоколот со Бугарија

Редакција

Се отвара ли работа за прaвниците: Што е разликата меѓу задолжителен и консултативен референдум?

Редакција

Предупредување од Центарот за управување со кризи: Следува период со пороен дожд, грмежи и силен ветер

Редакција