Во економска криза, Општина Липково реши да потроши 200 илјади евра за да изгради спомен кула од 20 метри на УЧК во кумановското село Слупчане.
Споменикот како што најави градоначалникот на Општина Липково, од ДУИ, Еркан Арифи, на неговиот Фејсбук профил, свечено ќе биде откриен на 2 мај.
Тогаш ДУИ го слави Денот на бранителите, а истиот дека ќе се гради, на тој ден, беше најавен лани.
Фото/видео: Арифи/Фејсбук
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.