еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Зошто да се изучува италијанскиот јазик? – настан во рамките на Неделата на италијанскиот јазик

На 19.10.2018 година, љубителите и изучувачите на италијанскиот јазик имаа можност да бидат дел од настанот одржан во рамките на Неделата на италијанскиот јазик организиран од Арс студио во соработка со Здружението на професори по италијански јазик, Италијанската амбасада во Република Македонија, Катедрата за италијански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и GuerraEdizioni.

Во рамките на настанот, присутните посведочија кои можат да бидат придобивките од изучувањето и познавањето на италијанскиот јазик.

„Италијанскиот јазик сè уште звучи како во времето на Данте, но сепак отсликува еден нов свет изграден врз темелите на една исклучително богата култура. Како што вели Андреа Рикарди: ‘Италијанскиот јазик треба да се предава како јазик на кој луѓето гледаат со симпатија а не со носталгија,’“ изјави професор Ана Комоди од Универзитетот за странци во Перуџа.

На настанот пристуствуваа италијанскиот амбасадор во Републука Македонија Н.Е. Карло Ромео, конзуларниот кореспондент на Италијанската амбасада Стојан Витанов, претставници од Министерството за образование и наука, и други претставници на академски установи.

Како дел од настанот, беше одржан и меѓународен семинар за обука на професори по италијански јазик, и присутните добија насоки за користење на учебниците по италијански јазик Ragazzi in rete во издание на Guerra Edizioni во соработка со Арс студио.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новогодишни донации на ЕВН Македонија

Редакција

Убава вест: Собрани парите за лекување на младиот Никола Ѓорѓиев во Турција

Редакција

Клиника Жан Митрев со едукација за здравствената заштита на спортистите

Редакција