еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ФРОНТЕКС и македонската полиција пронајдоа момче од Франција, кое во неговата земја е пријавено за исчезнато

Лицето С.И. (21) од Франција, кое во неговата земја е пријавено за исчезнато, го пронашле полициски службеници од РЦ за ГР Југ- ПС за ГП и ГН Богородица заедно со припадниците на ФРОНТЕКС.

Како што известуваат од Министерството за внатрешни работи, тој бил затекнат при илегален влез на територија на Македонија и дал лажен исказ за личните податоци.

По дополнителни проверки во соработка со Секторот за меѓународна полициска соработка, денеска е добиена потврда од француските власти дека станува збор за С.И., француски државјанин, кој во својата земја се води како исчезнат од 11 март годинава.

Лицето, согласно законските регулативи, ќе биде предадено на семејството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Амди Бајрам ќе собира гласови за да стане претседател со „Амди-кола“

Редакција

Кои се осомничените за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Редакција

Братот и сестрата на исчезната Лидија бараат полиграфско тестирање за нејзиниот сопруг и уште едно лице

Редакција