еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Фудбалското игралиште во ООУ „Киро Глигоров“, за кое родителите на децата протестираа, нема да се дава под закуп

Фудбалското игралиште во училишниот двор на ООУ „Киро Глигоров“, кое училиштето со договор го отстапи на користење на приватна компанија, ќе остане во постојната состојба и нема да се дава под закуп, информираше градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски на денешната средба со претставниците на компанијата која го имаше склучено договорот за отстапување на користење на игралиштето.

-По одржаните состаноци и во консултација со органите на училиштето и закупецот на просторот, заеднички одлучивме игралиштето да го задржиме во постојната состојба, односно да се раскине договорот и да биде отворено цело време за да може децата слободно да го користат, изјави Герасимовски.

Мојата идеја, вели Герасимовски, е да се помогне и да се најде решение за состојбите со зголемените режиски трошоци.

-Но сепак примарен интерес е да овозможиме среќно детство и непречено користење на игралиштето на децата кои посетуваат настава во најубавото училиште во државата, гордоста на Општина Центар – ООУ „Киро Глигоров“, додаде градоначалникот.

Тој посочи дека Општина Центар ќе продолжи со обезбедување најдобри услови за настава и правилен развој на сите деца кои живеат во општината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОOУ „Киро Глигоров“: Нема да се гради никаков објект, ниту ќе се узурпира игралиштето во училиштето

Родителите утре на протест: На игралиштето во училиштето „Киро Глигоров“ во Капиштец, се планира изградба на кафуле

Фото: Општина Центар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Хит за Водици во Грција: Поп со света вода попрска и полициски возила

Редакција

Над 5 милиони заразени со коронавирусот во светот, последните 24 часа најголем раст на дневно ниво

Редакција

Фон дер Лајен сигурна дека ќе има мнозинство за уставните измени

Редакција