еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Хит за Водици во Грција: Поп со света вода попрска и полициски возила

Црквите во Грција не ја почитуваа владината забрана и вчера на Водици ги отворија вратите за верниците.

Влез во помалите цркви беше дозволен за 25 лица, а во поголемите до 50 лица.

Граѓаните на социјалните мрежи, како што пренесува дописникот на еМагазин од Солун, го искажаа својот револт поради ваквото толерирање на црквата од страна на власта, додека се друго со недели е затворено од продавници до ресторани и кафулиња.

Револт има и за полицијата, откако на социјалните мрежи почна да се споделува видео кое стана хит, а во кое свештено лице со света вода попрска и неколку полициски возила:

Фото/видео: newsit.gr/Твитер/Скај ТВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денешните дојави за бомби во скопските училишта – лажни

Редакција

Купував куфери, бидејќи авиокомпанијата ми го изгуби багажот, вели поранешната министерка Костадиновска Стојчевска

Редакција

Приватните превозници бараат средба со премиерот, можна радикализација на протестите

Редакција