Поранешниот функционер на ДУИ, Исмет Гури, е донесен во Основниот кривичен суд Скопје, потврдуваат од Судот за МИА.
Поранешниот заменик директор во дирекцијата на Управата за јавни приходи (УЈП) во Скопје е еден од осомничените во истрагата која се води против 15 лица кои се сомничат за даночно затајување, злосторничко здружување и перење пари, за која соопштија утрово од Обвинителството.
Од Обвинителството велат дека со намера за себе да стекнат противправна имотна корист, осомничените го довеле во заблуда даночниот орган – УЈП и неосновано побарале и добиле враќање на ДДВ од околу 840.000 евра.
Ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот од опасност од бегство, дека ќе ги скријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесниците ќе ја попречат истрагата, од Обвинителството на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје ќе му предложат определување на мерката притвор за тројца осомничени, а за другите ќе предложат други мерки за обезбедување присуство во текот на постапката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Исмет Гури и Ејуп Алими од ДУИ повторно осудени на три и пол години затвор за „Титаник 3“