еМагазин
Image default
Техно

Започна третиот Камп за високотехнолошка извонредност во Охрид на Македонија2025

Денеска започна третото издание на Охрид кампот за високотехнолошка извонредност на Македонија2025, кој ќе се одржи од 19 до 25 јули 2023 година во Охрид.

„Оваа година ќе овозможиме на 25 млади луѓе (од 11-15 години) од Америка, Хрватска, Словенија, Кипар и од Македонија, да го подобрат на дигиталното владеење на преку унапредување на нивните вештини за кодирање, програмирање и роботика (вештини за висока технологија) и поттикнување на нивниот интерес за продолжување на СТЕМ образованието и кариерата.

Дополнително ќе работиме на негување чувство на одговорност и зајакнување на младите луѓе да преземат акција кон одржлив развој преку промовирање на употребата на технологијата и усвојување на практики за одржлива енергија; подобрување на нивото на свест и разбирање за важноста на сајбер безбедноста за децата и, можеби најважно, ќе помогнеме во зајакнувањето на врската помеѓу младите Македонци од нашата земја и младите од дијаспората, и нивната земја на потекло, поттикнувајќи ги меѓукултурните размени и чувството за одговорност и враќањето кон заедница.

Охрид кампот е еднонеделна програма која комбинира традиционална летна забава со можност за учење, заедничко вежбање и споделување на искуства во областа на кодирање, програмирање и роботика.

Учесниците ќе се стекнат со нови знаења и вештини преку посветеност и натпревар на идеи, фокус на решавање проблеми, акција, out-of-the-box размислување и соработка (работа во парови/групи).

Програмата се фокусира на современи, високо ефективни методи на настава и учење и е испорачана од сертифицирани СТЕМ предавачи,“ се вели во соопштението на Македонија 2025.

Kампот, како и претходните години, е под покровителство на претседателот на државата Стево Пендаровски, кој и оваа година ќе биде домаќин и во убавините на претседателската вила „Билјана“ ќе се доделат сертификатите за учество на Кампот.

Повеќе за програмата и споделените искуства на учесници од изминативе години може да најдете на следниот линк: macedonia2025.com.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

A1 Македонија ќе ги доставува месечните сметки електронски до своите корисници

Редакција

Наскоро доаѓаат Galaxy A12 и Galaxy A02s – премиум телефони по одлични цени

Редакција

MaxTV-телевизија број 1, прославуваме и подаруваме

Редакција