еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ФЗЦ „11 Октомври“ оди под залог кај Комерцијална банка за кредит од осум милиони евра

Собранието на акционери на фабриката за заварени цевки и профили „11 Октомври“ АД Куманово на седницата закажана за 11.03.2021 да донесе одлука за задолжување на друштвото, заложување на недвижен и подвижен имот и обезбедување со меници, пишува во предлог одлуките за претстојното Собрание објавени преку Македонската берза.

„Се дава согласност за задолжување на друштвото врз основа на договор за  рамковен револвинг кредит-лимит врз основа на заложно право, на износ од 8.000.000 евра со рок до 04.02.2026 година склучен помеѓу Комерцијална Банка АД Скопје како доверител и Фабрика за заварени цевки и профили „11 Октомври“ како должник – корисник“, пишува во предлог одлуката.

Се предлага заради обезбедување на побарувањето на Комерцијална Банка АД Скопје врз основа да се заснова заложно право врз следниот имот: нова фабрика за цевки со вкупна површина од  48.190 м2, стара фабрика за цевки, со вкупна површина од  51.000 м2 како и опрема и машини.

Исто така, се бара согласност заради обезбедување на побарувањето на Комерцијална Банка АД Скопје врз основа на договорот за кредит друштвото да издаде 3 бланко бланко сопствени акцептирани меници со менична изјава – согласност банката да ги пополни и употреби за наплата на своите побарувања без протест.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Американската амбасадорка најави нови имиња на „црната листа„ на САД

Редакција

Пронајдено и телото на мажот кој скокнал во Вардар за да ја спаси девојката која се удави

Редакција

На грчките острови ќе се патува со грчки „Green Pass“

Редакција