еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

(Галерија) ЕКСКЛУЗИВНО: еМагазин на снимањето на новиот филм на Даниел Крег во Солун

Од Солун за еМагазин, Петре Димитров

Додека во Скопје граѓаните се нервираа за блокадите на приватните превозници, во Солун имаше исто така нервоза, но поради снимањето на новиот филм на актуелниот Џејмс Бонд, Даниел Крег, „Dirty Angels“, кое на неколку дена блокираше улици во центарот на градот

На лице место, на Булеварот на победата (добро познат по кафулињата наредени покрај морето), ретко кој од граѓаните на Солун знаеше дека Крег снима филм, можеби поради фактот што веќе се навикнаа дека во нивниот град само последните месеци филмови снимаа и мега-ѕвездите Роберт Де Ниро и Антонио Бандерас, па тоа им е нешто нормално.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Солун стана Мајами: еМагазин ексклузивно на снимањето на новиот филм на Антонио Бандерас

Како и да е лесно беше да се најдат локациите, но проблем беше што најголем дел од акцијата предвидена за снимање во Солун се одвиваше на затворено, во една од зградите на булеварот.

Филмските работници со кои разговараше еМагазин беа скржави со споделување на информации (разбирливо), дури не сакаа да ми ја откријат ниту ни зградата каде се снима, во која нормално никој нема да ме пушти, не само мене, било кој.

Но, благодарение на вработени во околните кафулиња, сепак успеав да го лоцирам местото. Ме изненади дека кај нив немаше ама баш никаква возбуда дека Крег им е во „комшии“.

Крег секако не успеав да го видам, не сум до толку негов фан за да „кампувам“ пред зградата, но секако беше возбудливо.

Во филмот игра и Ева Грин, а е во режија на Мартин Кембел.

Според гувернерот на Централна Македонија, снимањето на филмот ќе чини околу 35 милиони евра, а околу 25 милиони евра ќе бидат потрошени во оваа област на земјата.

Филмот во Грција ќе се снима три месеци, и во студио во Терми, области околу Солун, на Халкидики…, а ќе биде комплетиран во Монако.

Фото: еМагазин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што пишуваат бугарските медиуми за посетата на Заев: Се зборувало за јазикот и промена на Уставот?

Редакција

(Фото) Папатата Франциск од Ковачевски доби плоча од Влатко Стефановски

Редакција

Во следните 7 дена очекуваме бројот на примени пациенти да биде поголем од бројот на испишани, порача Филипче

Редакција