еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Што пишуваат бугарските медиуми за посетата на Заев: Се зборувало за јазикот и промена на Уставот?

Посетата на македонската делегација во Бугарија, е топ тема во бугарските медиуми кои пишуваат детали за средбата.

Весникот „24 часа“, повикувајќи се на владини извори, пишува дека, имало и формулација за јазичниот спор, која гласи дека, Бугарите и Македонците зборуваат на ист јазик, но меѓународно признат како два различни, пренесува „Телма“.

Се предвидувала и декларација дека двата народа се братски. Заев ветил и промена на македонскиот Устав, во кој ќе ги стави и Бугарите како народ. Наводно, ветил и отворање на досиејата од времето на Студената војна, за да се разјаснат, според нив, „репресиите на кои биле подложени Бугарите во некогашната југословенска република Македонија”.

Се договарале и одмори на македонски ученици во Бугарија и бесплатни одмори на бугарски ученици во наши хотели.

Весникот „Труд“, пак, пишува дека македонскиот премиер ветил дека, ако на средбата во Брисел на 22 јуни го поддржат почетокот на преговорите, ќе ги направи неопходните компромиси за спорните историски теми.

Владата ги демантираше овие пишувања на бугарските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата да објави каков предлог Заев дал во Бугарија, нели се преговараше само за португалскиот предлог, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Заев на „братот“ Борисов му подари американски пури

Немаме проблем со отворање на историските архиви, порача Заев по средбата со бугарскиот премиер Јанев

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убиени тројца од групата која уби косовски полицаец во северно Косово

Редакција

Нови 436 случаи на Ковид-19 од 3.447 тестирања

Редакција

„Се разгоруваат внатрепартиските избори во СДСМ, Заев објави снимки против Заев„: Твитер реакции за изборот на нов лидер на СДСМ

Редакција