еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Немаме проблем со отворање на историските архиви, порача Заев по средбата со бугарскиот премиер Јанев

Премиерот Зоран Заев денеска, одговорајќи на новинарски прашања на заедничката прес-конференција со својот колега, бугарскиот премиер Стефан Јанев, рече дека земјава нема проблем со отворање на своите историски архиви.

Македонија, додаде Заев, нема ниту дилема дека секое време имало свои специфики во сите земји.

-Ние немаме проблем со отворање на нашите историски архиви. Денеска приложивме декларација од 2006 година што е донесена од нашиот македонски Парламент, осудувања на постапките од времето од 1945 до 1990 година кои се случувале врз сите граѓани од тогашниот комунизам, вклучително и граѓаните со бугарска определба во државата и тоа го приложивме денеска.

И немаме дилема дека секое време имало свои специфики во сите земји, така и во Македонија, рече Заев.

Премиерот Заев напомена дека земјава во моментов има и свој специјален претставник во Бугарија, а во тек е и постапка, како што додаде, на именување амбасадор.

-Ние имаме секако овде и специјален претставник, Владо Бучковски, кој доаѓа и разговара. Во постапка сме на именување амбасадор зашто консултациите кај нас покрај со претседателот на државата коалиционо внатре траат, а имаме и мултиетничка коалиција, а и коалиција од 26 политички партии и на крајот тоа поминува и низ Парламентот каде што претседател на Комисијата е еден од потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.

Не е ова лесно да го направиме и затоа и специјален претставник избравме, Бучковски, кој може да биде од помош и тој е често тука. Тој е универзитетски професор и доаѓа тука и навистина е од помош и верувам дека помага дефинитивно, нагласи премиерот Заев.

Тој ја предводи македонската делегација на денешните средби со Јанев и бугарскиот претседател Румен Радев, а целта на работната посета на Софија е интензивирање на напорите за наоѓање решенија за отворените прашања и деблокада на македонскиот евроинтерграциски процес.

Посетата се случува една недела пред состанокот на Советот за општи работи на 22 јуни и пред Самитот на ЕУ на 24 и 25 јуни.

Во македонската делегација, покрај Заев се и вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Делегацијата на Заев дојде со конкретен предлог кој сериозно и сеопфатно ќе го разгледаме, изјави бугарскиот премиер Јанев

Заев верува дека може да се најде решение, со бугарскиот колега Јанев разговарале и за португалскиот предлог

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Расте бројот на фирмите, опаѓа на граѓаните кои се на Листата на должници на УЈП

Редакција

22 прекршувањa на полицискиот час, 525 казни за неносење маска

Редакција

Убава вест: 308 оздравени од Ковид-19

Редакција