еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев верува дека може да се најде решение, со бугарскиот колега Јанев разговарале и за португалскиот предлог

Премиерот Зоран Заев на денешната заедничка прес-конференција со бугарскиот колега Стефан Јанев по нивната средба во Софија уште еднаш повтори дека проблемот меѓу двете земји е билатерален и дека така треба да се реши.

-Разговаравме за билатерален проблем. Имаме пријатели секаде во светот, но проблемот е билатерален и решението треба да го најдеме овде, билатерално, ние, двете страни. Ако сме одговорни политичари тоа е наша обврска – да работиме на изнаоѓање решение, рече Заев.

Тој е убеден дека двете земји ќе изнајдат решение. Рече дека на средбата бил искоментиран и португалскиот предлог. До граѓаните на Македонија и Бугарија упати апел да го одржат и да му дадат шанса на добрососедството, на соработката и пријателството, како и да дадат поддршка на иднината на двете земји и двата народа.

„Разговаравме за суштината и структурата на можното решение на проблемот преку патоказот, патната карта, секторската соработка во сите можни области, со конкретни рокови, конкретни институции, како и за интензитетот на работата на историско-образовната комисија.

Го искоментиравме и португалскиот предлог. Бугарија е членка на ЕУ и во рамки на Унијата разговара за деловите кои се однесуваат на ЕУ. Наше е да разговараме за делот на билатералните прашања кои навистина не се невозможни да бидат решени.

Верувам дека постои можност да изнајдеме решение. Според мене, најмалку имаме исчекор напред зашто седиме заедно, работиме заедно, разговараме за решение кое, уште еднаш кажуваме, мора да е билатерално,“ потенцира Заев.

Решението кое е пред нас, дополни, мора да води грижа за интересите на двете страни. Само така граѓаните ќе го поддржат и ќе има успешна реализација.

Заев рече дека по средбата со Јанев, ќе оди на средба со бугарскиот претседател Румен Радев.

„И таму ќе разговараме, заедно ќе бидеме и вечерва. Благодариме за поканата да останеме, зашто секогаш низ разговорите може да се изнајде плус креативност и инвентивност во решенијата.

Но, како што кажав, убеден сум дека денешните средби во Софија ќе донесат само добро за двата братски народа. Свесни сме дека со бугарската поддршка, продолжуваме по патот на евроинтеграцијата зашто друг пат за нас нема,“ рече Заев

Премиерот Заев, придружуван од вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров и од министерот за надворешни работи, Бујар Османи, е во работна посета на Софија со цел интензивирање на напорите за наоѓање решенија за отворените прашања и деблокада на македонскиот евроинтерграциски процес.

Посетата се случува една недела пред состанокот на Советот за општи работи на 22 јуни и пред Самитот на ЕУ на 24 и 25 јуни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев и Димитров на средбата со Нинова ѝ соопштиле дека македонската делегација во Софија е со искрени и чесни намери

Немаме проблем со отворање на историските архиви, порача Заев по средбата со бугарскиот премиер Јанев

Делегацијата на Заев дојде со конкретен предлог кој сериозно и сеопфатно ќе го разгледаме, рече бугарскиот премиер Јанев

МИА/Фото: Твитер/Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Започна процесот на обединување на ПОА на Вранишковски со МПЦ-ОА

Редакција

Собранието го донесе Законот за судски совет

Редакција

Твитер во црвено за музејот на УЧК во Сопот

Редакција