еМагазин
Image default
Македонија

Вчера се аплицирани 4.299 вакцини, ревакцинирани околу 10% од населението

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 453.180 граѓани, информира Министерството за здравство.

„На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 265.164 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 2.036 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 4.299 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 462.415 дози вакцини, а ревакцинирани се 197.251 граѓани.

Со последните бројки 48% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 42% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 36% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина,“ се вели во соопштението.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk, бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжува судењето за „Монструм“

Редакција

(Фото) Апасиев бара оштета од 30 илјади евра оти бил незаконски прислушуван

Редакција

Судењето за „Траекторија“ продолжува без Груевски

Редакција