еМагазин
Image default
Македонија

Судењето за „Траекторија“ продолжува без Груевски

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за „Траекторија” на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) во кој обвинети се неколку поранешни функционери дека ги пречекориле овластувањата при изборот на компанија за изградбата на автопатските делници до Штип и Охрид.

Судот треба да реши како понатаму ќе се одвива судењето, имајќи предвид дека еден од обвинетите е поранешниот премиер Никола Гуевски кој е во бегство во Унгарија.

Во „Траекторија“ обвинети се и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој е во притвор во затворот „Скопје“, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и поранешниот директор на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски.

Според обвинението на СЈО, тие во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги искористиле и пречекориле своите овластувања. Со тоа, според СЈО, му нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155 милиони евра и за истиот износ на компанијата изведувач ѝ овозможиле да се стекне со имотна корист.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од МВР незнаат каде се Демири и Исмаиловиќ, обвинети за масакрот на Смилковско езеро

Редакција

Адвокатите му го откажаа полномошното на Груевски за „Титаник“

Редакција

Куновска бара одговорност за катастрофата во Охрид: „Злосторство, ова е за кривична пријава“

Никола Осило