еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

(Галерија) еМагазин во Китнос: Скриена убавина

За разлика од Миконос или Санторини, Китнос е малку познат остров од грчките острови познати како Киклади, во чиј склоп влегуваат околу 220 острови.

Но тоа што не е толку извикан, не го прави понеатрактивен од другите острови.

До него можете да стигнете со брод од пристаништето Пиреја (за околу 3 часа), а е лоциран помеѓу островите Кеа и Серифос.

dav

Топли извори, 92 плажи и 359 цркви

Другото име на Китнос е Термиа, поради топлите извори во местото Лоутра.

Островот има 92 организирани и диви плажи, до кои се стигнува со брод, автобус, автомобил, мотор, а до некои ќе морате и да пропешачите.

Најголеми села на островот кои задолжително мора да ги посетите се Хора и Друопида, кои не се покрај морето.

Три села се лоцирани покрај морето: Мерикас (пристаништето), Канала и Лоутра.

Китнос е познат и по бројните цркви кои ги има 359, расфрлени насекаде.

На островот има и бројни архелошки локации.

Каде да се сместете

За разлика од кај нас, каде во туристичките места редовно имаме проблем со сместување, овде тоа не е проблем поради бројните сместувачки капацитети по целиот остров. Секако резервирајте си место навреме.

Јас ја имав среќата да бидам сместен во сред топ сезона во еднa од најубавите вили на островот, вила Елена. Прекрасни апартмани со сите нишани, одличен поглед, ресторан, бар и плажа буквално под нос :).

Повеќе инфо и фотографии за вила Елена ОВДЕ.

Цените за сместување варираат, зависно во кој дел од годината ќе се одлучите да го посетите островот. Другите цени се далеку поевтини за разлика од најпознатите острови од Кикладите.

Во следното продолжение повеќе за плажите на Китнос.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Три нови сомнителни случаи тестирани за коронавирус во Скопје, за двајца резултатите негативни, за едниот се очекуваат

Редакција

Во трка за две места во Судски совет, освен Георгиев и Димовска, влезе и Лазар Нанев

Редакција

Владата барала список со споменици и улици од Хеленската историја и објекти со Сонцето од Вергина

Редакција