еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Галерија) Голем град во Лозово, поплавени улици и подруми во Тетово и Струмица

Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска информираше за силен и голем град во Општина Лозово и дека во Тетово улиците, одредени подвозници и пониските дворови се речиси целосно поплавени, како и подрумите и приземјата на повеќе куќи.

Град имаше и во Полошкиот регион, а силна нестабилност со грмотевици и дожд имаше и во скопско.

Од ЦУК информираа и дека уште во претпладневните часови е забележана нестабилност во западните делови од земјава, најпрво во Охридско-Преспанскиот регион, а потоа интензивна линија на нестабилност се разви и се прошири од Полошкиот регион на југ се до Пелагонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмногу дожд наврна во Ѓуриште, Тетово, Прилеп и Пожаране

(Фото) Дождот урна потпорен ѕид во скопска Пинтија

Поплавени улици и подруми во Струмица, штети на посеви на отворено, урнати дрвја, екипите интервенираат на терен

Од невремето кое го зафати Струмичко во попладневните часови поплавени се повеќе улици во долниот дел на градот околу улицата „Младинска“, како и повеќе подруми, а силниот ветар урна и неколку дрвја.

Од села под планината Беласица има информации дека од градот настрадале посеви на отворено, а најмногу штети имало врз бостанот.

Според информациите од ТППЕ Струмица, тие досега имале осум интервенции и сите се за испумпување на вода од подрумските простории, а исто така интервенираат и екипи на „Комуналец“ на улици во градот.

Поплава поради невремето и во Уметничката галерија во Тетово

Денешните врнежи од дожд како и град предизвикаа поплава и во Уметничката галерија во Тетово. Поплавени беа и внатрешноста како и дворот. Од таму информираа дека вработените ја отстрануваа надојдената вода во просториите на галеријата.

Пороен дожд наместа со град го зафати и Кумановско

Пороен дожд наместа проследен со врнежи од град, силни електрични празнења го зафати Куманово и околните села попладнево. Според податоците на Регионалниот центар за управување со кризи, пријавено е дека има излевање на атмосферска вода на улица „7“ во кумановската населба Карпош и постои можност водата да навлезе во подрумски простории.

Граѓаните од приградските населби информираат дека на одредени места паѓал град во големина на лешник.

– Засега нема пријавено значителни штети од градот, само на неколку места има скршени гранки од дрвја. Жителите на селата можат да пријават на нашиот телефонски број, велат од РЦУК Куманово.

Нестабилното време со врнежи од дожд во Куманово почна претпладнево.

МИА/еМагазин/Фото: МИА/ЦУК/Општина Струмица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) 20 години „Sport Life“ – лидер во индустријата на игри на среќа во Македонија

Редакција

Од понеделник наплата на патарините на автопатот Миладиновци-Свети Николе-Штип

Редакција

УНЕСКО повторно со препорака да се преиспита изградбата на хотелот во Лагадин

Редакција