еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Галерија) Како изгледаат дизајнираните дела од оризов отпад: Чекор понапред кон циркуларната економија

На 29.03.2023 година во просториите на НУКЦ „Бели мугри“ во Кочани беше отворена изложбата на изготвените продукти и креации во рамките на проектот „Земјоделските остатоци како тесктилна и дизајн суровина во општина Кочани“.

„Со огромна гордост можеме да кажеме дека овој проект успешно го завршивме и со голем труд и вложеност успеавме да покажеме на каков сè начин може да се употреби оризовиот отпад.

Секако, целта беше на тој начин да се придонесе во образованието кај младите, одржливоста во дизајнот, уметничката пракса и модната индустрија и воедно да се пристапи чекор понапред кон циркуларната економија”, изјавија организаторите на Здружението на граѓани за културно-уметнички дејности „Одоната“ – Кочани и Македонското модно здружение од Скопје.

Со помош на меѓусекторската соработка на земјоделскиот сектор и големите богатства што ги нуди Кочани, заедно со младите креативни умови кои се подготвени да се надоградуваат во полето на модата, дизајнот и уметноста и секако, благодарение на искусните дизајнери и ментори кои го пренесоа своето досегашно искуство на овој проект, на оваа изложба беа презентирани дел од продуктите кои беа направени заедно со ученици од СОУ „Љупчо Сантов”- Кочани и ОУ „Малина Попиванова”- Кочани.

Сите дела се создадени со многу љубов, енергичност и посветеност на талентираните ученици под менторство на визуелните уметници Викторија Митева и Орхан Ќамил од Здружение „Одоната“ (маса, лампа, оризова хартија), уметницата Марија Јошеска (садови за свеќи), дизајнерката Ирина Тошева (мода), , Анита Гај од „Lotus Lounge Chair“ (продукт-дизајн), Димитар и Андријана Петровски „Креативност и фотографија”, Благоја Ангелoвски (видео) и младите дизајнери Ангела Спасовска, Мирјана Јосифоска и Мила Спасовска.

Проектот „Земјоделските остатоци како текстилна и дизајн суровина во општина Кочани” на Здружение на граѓани за културно-уметнички дејности Одоната, Кочани, во партнерство со Македонското модно здружение од Скопје се спроведува во рамки на „Регионалната програма за локалнадемократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2″, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Општина Кочани.

Едукативните активности се поддржани од Образование за вработување во Македонија – Е4Е, проект поддржан од владата на Швајцарија и имплементиран од Хелветас.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Собранието се гласаат законите: Координаторите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ велат дека избори ќе има

Редакција

Македонски телеком ги објави надоместоците и платите на владините преставници во Одборот на директори, Китанов, Дураки, Ангеловска…

Редакција

(Галерија) Протест на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје со автомобили за враќање на старата цена на струјата

Редакција