еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Галерија) Кои се најуспешните албански компании во Македонија?

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија по осми пат ги објави ТОП 100 најуспешните албански компании во Македонија.

Станува збор за најмоќните компании во изминатата година кои имаат постигнато успех врз основа на пет клучни индикатори, како што се: годишниот приход, нето-добивката, бројот на вработени, инвестиции и ROE (поврат на капитал).

„ТОП 100 докажува како компаниите се храбри да ризикуваат премногу, за да стигнат до бројките кои го одразуваат успехот, што директно влијае на економијата на државата. Иако не секогаш ја добиваат вистинската поддршка од многуте институции во земјата, оние со професионалност и етика ги постигнуваат своите цели. Нивото на успех може само да кулминира со обединувањето на силите“, изјави претседателот на СКСЗМ, Неби Хоџа.

Компанијата што ја доби првата награда оваа година и беше прогласена за најуспешна компанија за 2017 година е НЕПТУН.

Како втора најуспешна компанија е прогласена KIPPER, а на трето место е компанијата BAS TUTI FRUTI.

POFIX компанијата оваа година е рангирана како четврта најуспешна компанија во Македонија, додека на петто место е ВАРДАР ДОЛОМИТ од Гостивар.

Доделени беа и награди во три категории: за најбрзорастечката компанија во последните три години, компанијата АЛА од Струга, компанија за успешна трансформација на бизнисот, АДЕЛ ХОЛДИНГ од Тетово и компанија за најбрзо проширување на глобалните пазари Куантум од Скопје.

Премиерот Зоран Заев истакна дека Владата е отворена за дијалог со бизнисите и дека бизнисмените може да го сметаат за достоинствен партнер и услуга. ТОП 100 најмоќните компании играат важна улога во економијата на државата со нивните инвестиции, како и отворањето на нови работни места.

На оваа манифестација присуствуваа и претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, лидерите на политичките партии Христијан Мицковски, Весел Мемеди и Билал Касами, претставници на други државни и бизнис институции, амбасадори, други гости од земјава и странски држави.

Фото: Влада/oemvp.org

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Адора Инженеринг повторно ја зголеми сопственоста во Комерцијална банка

Редакција

Црна Гора усвои Закон за истополово партнерство, нема можност за посвојување деца

Редакција

Украден монитор од бугарскиот културен центар во Скопје, за бугарското МНР тоа е „напад врз самата бугарска држава“

Редакција