еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Цените во декември со мал пад, инфлацијата и понатаму висoка, 18,7%

Според најновите показатели на Народна банка, цените во декември забележале мал пад, со што годишната стапка на инфлација и натаму забавува сведувајќи се на 18,7%.

„Просечната годишна стапка на инфлација за целата 2022 година изнесува 14,2% и е во согласност со последните проекции на Народната банка од 14,3%, а произлегува претежно од порастот на светските цени на храната и енергијата, вклучително и на домашната цена на електрична и топлинска енергија и нивниот преносен ефект и врз цените на останатите производи и услуги, во отсуство на доволно домашни ресурси за ублажување на овие шокови.

Неизвесноста од идната динамика на цените на примарните производи на берзите, а особено на енергентите, и натаму постои поради воените случувања во Украина и санкциите кон Русија, поради што и натаму од исклучителна важност е водењето претпазливи домашни политики и внимателното управување со домашната побарувачка,“ велат од Народна банка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каматните стапки зголемени за дополнителни 0,5%, Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика

Фото. Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 216 заболени од Ковид-19, најмногу во Скопје, Куманово и Гостивар

Редакција

Беживотни тела на носила, а до нив пациенти со Ковид-19 се борат за живот: Вознемирувачки снимки од болниците во Русија

Редакција

До петок сончево и топло време, од сабота дожд и заладување

Редакција