еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Учениците и наставникот кои беа во Турција за време на земјотресот, се вратија дома

Деветтемина македонски државјани кои беа затекнати во Турција за време на земјотресот утрово се вратија во земјава. Министерството за надворешни работи информира дека тие се во добра здравствена состојба.

Се работи за осум ученици и нивниот наставник ментор кои преку програмата „Еразмус плус“ престојуваа во Турција.

Веднаш штом беше идентификувана групата, на лице место во загрозениот регион беше испратен дипломат од амбасадата во Анкара, заедно со дополнително возило, за да асистира во повлекувањето на групата сѐ до упатување кон земјава.

По првичната медицинска санација на две лица кај кои беа констатирани повреди, групата беше упатена најпрво во Анкара, а потоа во Истанбул каде беше обезбедено сместување, дополнителна медицинска нега и одмор.

– Засега нема нови информации пристигнати до Амбасадата во Анкара и Генералниот конзулат во Истанбул за други наши државјани кои се наоѓаат во евентуално загрозена состојба, или на кои им е потребна асистенција.

Нашите претставништва остануваат отворени за евентуална интервенција доколку се појави потреба. Дипломатски претставништва во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, како и СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732, се наведува во соопштението од МНР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Палевски му се заканувал на Мицкоски и неговиот постар син

Редакција

Чулев контра Филипче: Нашите сознанија говорат дека мајката и синот од Велес починале кон крајот на јануари

Редакција

(Видео) Протести на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје и 15 градови: Се бара оставка на Заев

Редакција