Во организација на Планинарскиот Спортски Клуб Малешевска Корија, Берово се одржа настанот „Малешевска Корија – Спорт авантура 2020“.
Во рамките на настанот беа организирани две планински велосипедизам – „МТБ“ тури, низ многу атрактивни предели на Берово и неговата околина, како неколку културни објекти, природни знаменитости, езерото, вековни шуми, пространи видици, многу забава и дружење и е наменет за љубителите на природата, младите, рекреативците, спортистите, како и за оние љубопитните кои сакаат да ја почувствуваат планината одблиску низ активно искуство.
Настанот како што информираше Дина Муцунска претседател на клубот и организатор е поддржан од Агенцијата за млади и спорт во рамки на „Европската недела на спортот“, општината и релевантните институции.
„Во рамки на турите добивме поддршка од Габи и Васко, сопствениците на куќата на Абланица, кои го ставија на располагање својот двор за пункт за одморање, додека другиот пункт за пауза е на самото езеро, како и од хотел Манастир и неговиот тим, кој ни го даде на располагање својот двор покрај река, за база на настанот каде на крај на турите ќе имаме заеднички ручек и дружење,“ рече Муцунска.
Планинарско Спортскиот Клуб Малешевска Корија, Берово ги стави на располагање за изнајмување своите 25 премиум планински велоспиеди, кои се од голема вредност за развој на планинскиот велосипедизам во регионот.