еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Галерија) НЛБ Банка по повод месецот на штедење најави голема хуманитарна акција и едукативни содржини за најмалите

Никогаш не е прерано да започнете со конкретни активности за да ги едуцирате вашите деца за важноста и придобивките од штедењето. Доколку не сте знаеле, ве потсетуваме дека октомври е месецот на штедење, а НЛБ Банка, традиционално по осми пат, го организираше НЛБ Денот наменет за најмалите, со што и официјално го отвори НЛБ Месецот на штедење.

По тој повод, денес во НЛБ Галеријата беа поканети дечиња од неколку основни училишта и беше организирана забавна и едукативна програма на тема ,,Ја истражуваме вселената со Тиби и Штуки!“.

Во рамките на НЛБ Месецот на штедење, Банката организира ликовен натпревар за деца на возраст од 5 до 15 години на тема: „Штедење и астрономија“.

Сите деца кои имаат инспирација и желба да земат учество можат да ги постават своите цртежи на веб страницата отворена за оваа намена: stedenje.nlb.mk или пак да ги донесат директно во некоја од експозитурите на НЛБ Банка.

За секој цртеж Банката ќе донира по 200 денари, а средства потоа ќе се наменат за потребите на Одделението за хематологија и онкологија при Универзитетската клиника за детски болести во Скопје. Натпреварот е отворен до 25 октомври 2019 година.

„Секојдневно сме опкружени со искушенијата да трошиме, сите сме дел од конзумеризмот, и токму затоа, сметаме дека едукацијата за потребите, навиките и начините на штедење треба да биде важен дел од образованието кај децата. И оваа година НЛБ Месецот на штедење, го отворивме со НЛБ Денот, преку забавно-едукативен настан специјално организиран за најмалите. Би рекле дека ова е еден од најведрите и најпозитивните настани кој секогаш со нетрпение го очекуваме.

Продолжуваме во текот на целиот месец со забавни активности за штедење и ќе посетиме многу училишта и градинки. Ја користиме оваа можност да ги повикаме сите деца да земат учество на ликовниот конкурс и да не поддржат во намерата да собереме што повеќе цртежи за да донираме повеќе парични средства за подобрување на условите на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје“, изјавија од НЛБ Банка.

На крајот на октомври најдобрите цртежи избрани со гласање преку веб-страницата stedenje.nlb.mk како и од страна на посебна комисија составена од реномирани македонски уметници ќе бидат наградени со парични награди и признанија.

Месецот на штедење ќе биде заокружен со организирање на најголемата и најубавата изложба на сите пријавени и наградени детски цртежи.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алсат М е добитник на наградата „Медиум промотор на новинарството како јавно добро – Роберто Беличанец“

Редакција

Comodita Home донираше душеци на Детска клиника Козле: Почнува хуманата мисија под слоганот „Секој сон е важен“ во вредност од над 100.000 евра

Редакција

Убава вест: Крушево ќе биде домаќин на Светско првенство во змејарство

Редакција