еМагазин
Image default
Е-излог

(Галерија) Нови брендови на Fashion&Friends

Оваа сезона, мулти бренд концептот Fashion & Friends доживува збогатување на портфолиото со неколку нови и многу атрактивни брендови. Дестинацијата за сите љубители на најновите трендови сега станува вистинско модно уживање.

Tommy Hilfiger

Добропознатиот бренд кој го слави американскиот лежерен и кул стил со класични парчиња дополнети со карактеристични елементи, оваа сезона го најде своето место во продавницата Fashion&Friends.

Создаден во 1985 година, Tommy Hilfiger е епитом на премиум стил, квалитет и вредност на интернационално ниво. Брендовите Tommy Hilfiger и Tommy Jeans како и разновидните капсулни колекции Hilfiger Collection, Tommy Hilfiger Tailored, TommyXGiggi, вклучуваат машка, женска и детска облека, модни додатоци, чевли како и козметика, очила за сонце, часовници…Главен дизајнер за брендот, се уште е сопственикот чие име го носи компанијата.

Колекцијата Tommy Jeans за есен/зима 2018 ја слави американската икона, давајќи младешки осврт на легендарните модели на брендот. Омилените класици како рагби кошулата и “puffer” јакната добиваат нов изглед во вид на предимензионирана силуета. Дезените се разиграни со линии и збогатени со широка палета на бои. Со повторувањето на култните модели од архивата на брендот, колекцијата се поигрува со чувството на носталгија со истакнати логоа и винтиџ исписи.

Calvin Klein

„Oваа колекција е еволуција на мојата идеја за Calvin Klein – поглед кон американското општество, но во поширока, поуниверзална смисла. Тоа е алегорија преку која се среќаваат старите и новите светови, од откривањето на Америка, преку трката кон вселенски достигнувања во 60-тите, до информатичкото општество од 21 век.” На овој начин Раф Симонс, креативниот директор на компанијата ја дефинира идејата зад колекцијата за есен/зима 2018.

Calvin Klein веќе 50 години создава облека под мотото провокативно, модерно, сензуално, легендарно. Овој глобален бренд се заснова на храбрите, прогресивни идеи и минималистичката естетика. Calvin Klein се труди да ги инспирира своите купувачи користејќи атрактивни имиџи и впечатливи дизајни за да ги разбуди сите сетила. Брендот верува во култура која ги поттикнува откритијата и храбро размислување – на тој начин се трудиме да создадеме нешто позитивно во светот, инспирирајќи пасионираност, автентичност и индивидуалност.

Steve Madden

Познатиот дизајнер Стив Маден го започнал својот сега популарен бренд во 1990 година на многу скромен начин – продавајќи чевли од својот автомобил, со вкупна инвестиција од само 1100 долари. Тој ја создал својата прва линија чевли со единствена цел – да ја револуцинизира индустријата за чевли со легендарни и иновативни дизајни.

Денес Стив Маден има милиони купувачи низ целиот свет. Сите тие, колку и да се различни имаат едно нешто заедничко – љубовта кон уникатни чевли.
Брендот Стив Маден е инспириран од уличната мода и затоа Њујорк е одлично место за собирање идеи. Тука дизајнерот е постојано инспириран од новите трендови и урбани елементи.
Колекцијата за есен/зима 2018 нуди различни стилови на чевли, меѓу кои спортски обувки, моторџиски чизми, елегантни високи потпетици и чевли со животински принт за уникатен, секси изглед.

Premiata

Premiata e италијански бренд посветен на неконвенционалноста во дизајнот. Дизајнерите во Premiata велат дека нивните колекции не одговараат директно на никакви однапред воспоставени правила туку дека ги следат правилата на еклектиката и инстинктот.

Колекцијата за оваа сезона е наречена “Прошетка низ Токио” и е инспирирана од паралелното постоење на хаосот и редот во Токио, главниот град на Јапонија каде се среќаваат спротивностите и создаваат нова димензија на современото живеење. Природната структура на Токио е направена од миксот на минатото и сегашноста, каде ефективната инфраструктура ги поврзува најфрекфентните со најтивките места, зелените паркови со облакодерите, каде иновацијата и традиционалната уметност постојат една до друга.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Колекција #WELOVEYOUALL: Најженствените парчиња оваа сезона од Women’secret

Редакција

(Фото) Каролина Гочева како модна инспирација за MANGO жената

Редакција

(Фото) Нова продавница на Levi’s во Скопје Сити мол

Редакција