еМагазин
Image default
CHECK IN

(Галерија) Промовирани француски еклери во Coffee factory: Францускиот амбасадор воодушевен

Денеска во кафулето Coffee Factory во пријатна и непосредна атмосфера беа промовирани повеќе видови на француски еклери, кои се направени според оригинална рецептура и кои понатаму ќе бидат составен дел од менито.

Меѓу поканетите гости од јавната сцена кај нас и медиумите на промоцијата присуствуваше и францускиот амбасадор во Македонија, Кристиан Тимоние.

Во одлично расположение и воодушевен од големиот избор на француски еклери, кои од денеска ќе бидат на менито на ова кафуле, тој изјави:

„Прекрасно е што во Скопје конечно може да се најде ваков голем избор на француски еклери. Изгледаат дотолку привлечно што незнам што би избрал да вкусам првин. Но знам дека ќе се вратам уште неколку пати додека не ги пробам сите видови на француски еклери“.

Оригиналниот француски еклер потекнува уште од XIX век во Франција. Историјата вели дека првиот еклер го има направено познатиот француски шеф Antonin Carême.

Денеска француските еклери претставуваат префинет деликатес во светот. А Скопје претендира да фати приклучок со светот, па затоа кафулето Coffee Factory го прошири своето мени со неколку видови оригинални француски еклери.

Тимот на Coffee factory е обучен за повеќе од 20 вкусови еклери од професионален готвач од странство, кој две недели предходно престојуваше во Скопје на покана на локалот.

„Исклучително е важно да се имаат точните состојки, професионална опрема, вештина и секако многу трпение и љубов за да може да се направат вакви еклери. Секој вкус на еклер е посебна приказна за себе, бидејќи се употребуваат посебни состојки за нивно полнење и декорација.

Но, за почеток одлучивме да започнеме со 6 вкусови (ванила, чоколадо, сникерс, кафе, кокос и јагода) и понатаму да го прошируваме нашето мени. Она што овие француски еклери Chouette (Шует) ги прави оригинални е тоа што нема компромис за ниедна состојка во нив.

Се користи свежо овошје, најдобро француско овошно пире, природни ванила стапчиња, белгиско чоколадо, италијанско маскарпоне, био кокос и кокосово млеко, врвни брашна, свежи јајца и многу љубов при приготвувањето. Секоја состојка е најдобрата во својата категорија, па така и дел од нив се увезуваат од странство, бидејќи кај нас ги нема“, велат од Coffee Factory.

Квалитетот на еклерите е единствениот приоритет, па затоа се користат исклучиво свежи состојки без користење на вештачки бои, ароми и засилувачи на вкусот. Поради тоа рокот е кус, и најдобро е да се конзумираат во првите 48 часови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Предлог-место за патување по завршување на корона кризата: Хотел „Лејк вју“ во Отешево

Редакција

Урбаната нова тераса на Барбакан ве чека на кафе муабет

Редакција

(Фото) еМагазин во Токио: Таксист може да се биде и на над 80 години