еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Гасот најевтин, а македонската држава го плаќа еден милион евра поскапо

Ако се земе предвид цената на природниот гас од 1 јануари, што ќе важи до крајот на месецот, пресметано заедно, за три набавки на природен гас државата ќе плати 916 илјади евра без ДДВ, односно речиси 1,1 милион евра повеќе со вклучен данок на додадена вредност.

Според цената на берзите, кои што периодов се најниски од почетокот на кризата, станува јасно дека цената што „Макпетрол“ ја има испратено до ЕСМ е за 12,2 евра пониска од таа на бугарската компанија.

Како и претходно, македонската фирма до државната компанија доставуваше цени во зависност од тоа какви се придвижувањата на берзите, па така, за јануари понудата што ја достави беше од 103,8 евра за мегават час.

За разлика од ова, ЕСМ од „Балкан Јутилитис“ купи 33.670 мегават часови, за кои плати 409.000 евра повеќе.

Практиката што самата државна компанија ја воведе со цел да обезбеди оптимални цени на природен гас, пред самиот крај на 2022 година нагло ја промени, прифати договор за набавка на четири месеци и веќе за јануари ќе потроши еден милион евра.

Ова се првите резултати од новата политика на ЕСМ, која што го превзема управувањето на топланите во земјава, а која подразбира договор со бугарската фирма „Балкан Јутилитис“ со цена на гасот која што е фиксна.

Слични резултати покажува и пресметката преку која се споредува и понудата на „Пром-гас“ до „ЕСМ продажба“. Поради движењата на берзите, цената на оваа македонска компанија сега е 108,5 евра или таа е за 7,5 евра пониска од таа на бугарската фирма. И покрај тоа, ЕСМ преку „Балкан Јутилитис“ купи 61.693 мегават часови за кои ќе плати 458.000 евра повеќе.

Дирекцијата за технолошко развојни зони (ДТРИЗ), исто така, ги прифати условите на бугарската компанија преку која ќе набави 6.554 мегават часови. Како и претходните пресметки, и оваа покажува дека ДТИРЗ на „Балкан Јутилитис“ ќе плати 115,97 евра за мегават час, што вкупно ќе биде 49.000 евра повеќе од тоа што „Пром-Гас“ го понуди.

Во исто време, ако се направи споредба со ситуацијата пред една година, кога енергетската криза ескалира како резултат на војната во Украина, цените на природниот гас на берзите во Европа и во светот се на најниското ниво. Без разлика на тоа, македонските државни компании одлучија да не ги следат пазарните услови, туку да се придржуваат до договорени и фиксни цени и притоа за плаќаат повеќе од потребното.

Во изјава до медиумите, ЕСМ истакна дека и во следните месеци ќе се придржува до условот цената на природниот гас да биде фиксна, наместо променлива.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради адмистративен пропуст на матурантка од Охрид и го ускратија правото да полага државна матура

Редакција

(Видео) Боки 13 побара повторување на постапката за „Рекет“, тврди дека Камчев и Русковска знаат каде се парите од чантата „Луј Витон“

Редакција

Четворица починати од Ковид-19, тројца од нив имале коморбидитет

Редакција