еМагазин
Image default
Македонија

ГДУ: Во МЕПСО сè е исто само фотелјите и фотелјашите се менуваат

Откако господинот  Билен Саљији „совршено“ се справи со Министерството за правда и правосудство, Владата реши да го ангажира во сферата на енергетиката и енергетскиот систем на земјата за и таму да успее да постигне врвни резултати… Или пак можеби го поставија таму бидејќи МЕПСО е една од најбогатите компании во земјата со огромни суми на пари и многубројни тендери?

Ова се вели во соопштението на Граѓанско демократската унија.

„Како поранешен директор во „Комуналец“ во Врапчиште, директор во Инспекторатот за лов и шумарство и поранешен министер за правда , сега совршено ќе се снајде и во улогата на заменик – генерален директор на МЕПСО.

Во функцијата како директор на Државен инспекторат за лов и шумарство до Државната комисија за спречување со корупција, г-дин Саљији има пријавено имот наследен од родителите во Добри Дол, Гостивар, едно моторно возило и два кредити , па потребата  да се стави на ваква позиција  е повеќе од очигледна.

Затоа ние од ГДУ прашуваме на каква основа, со кои професионални квалитети и способности господинот Билен Саљији успеа да ја убеди Владата дека е способен да се справи со предизвиците на МЕПСО? Или можеби неговото назначување за заменик директор е само и единствено на основа на коалиционите спогодби, политичките зделки и партизацијата на администрацијата?!

Ја користам приликата да им ги честитам новите анти-шок фотелји на директорите вклучително и на господин Саљији и да им посакам пријатно релаксирање за скромната цена од 350 000 евра. Се надевам дека од многу работа нема да ја испотите телешката кожа. Имам чувство дека во МЕПСО сè е исто само лицата С.М. и Н.Г ги нема“, се вели во соопштението на ГДУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски по поднесување на кандидатурата за претседател на СДСМ: „Одлуките ќе ги носам врз основа на мојот интегритет и работа“

Редакција

(Фото) Знамето на НАТО се вее и пред Собрание

Редакција

МВР апси поранешни високи функционери, административни службеници и лица кои вршат работи од јавен интерес

Редакција