еМагазин
Image default
Македонија

Заев го означи почетокот на изградбата на браната Конско, ВМРО-ДПМНЕ велат дека се китат со туѓи перја

Секогаш ми претставува посебно задоволство кога Македонија преку Владата вложува во нови капитални инвестиции и објекти кои директно придонесуваат за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните, но задоволството е уште поголемо кога се најавува реализација на дамнешна желба и потреба на граѓаните од овој крај која е стара речиси 40 години.

Ова денеска го истакна премиерот Зоран Заев на означувањето на почетокот на изградбата на хидросистемот Конско. Изведувач ќе биде турската компанија „Адали холдинг“.

„Изградбата на хидросистемот Конско за граѓаните на општина Гевгелија ќе значи реализација на нивната долгогодишна потреба и желба за навремено снабдување со чиста и здрава вода за пиење, вода за наводнување која ќе дојде до нивите и плодните земјоделски површини, до плантажите и фармите, но и вода за спас на Дојранското Езеро.Изградбата на овој хидросистем претставува најкрупен инфраструктурен зафат во овој регион во изминатите 50 години и ивнестиција која ќе има мултифункционална улога“, рече Заев.

Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ обвини дека изградбата на браната Конско е уште еден проект кој беше изготвен од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, што како што велат, говори дека оваа власт е неспособна и безидејна да подготви вакви капитални проекти.

„Браната Конско е проект со кој ќе се овозможи водоснабдување на Општина Гевгелија и ќе се обезбеди можност за гравитационо наводнување на околу 8.000 ха површини земјоделско земјиште кои сега се наводнуваат со пумпање. Со реализацијата на овој проект дополнително ќе се создадат услови за обезбедување нови количини вода за подобрување на хидролошката состојба на Дојранското Езеро“, велат од партијата.

Од таму додаваат дека проектот во фаза на подготовка беше завршен од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во период 2010-2015, во кој период беа завршени сите фази од основен проект, студии за оцена на влијание врз животна средина, па се до избор на најповолен изведувач.

„Сега кога прашината падна им преостанува само да се китат со туѓи перја“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Фото/Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Седницата на Советот за безбедност ќе се одржи во среда

Редакција

Река повика граѓаните масовно да излезат на 5. мај, на кој му даде подршка?

Редакција

Прекршочни за Касами и Ганиу, не ги испочитувале државните симболи при посетата на Курти

Редакција