Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по завршувањето на седницата на партијата информираше дека, поради лични причини се повлекол досегашниот генерален секретар, Игор Јанушев.
„Ја користам оваа прилика да му заблагодарам за неговата работа, срдечно залагање и беспоштедна битка. Тој продолжува да придонесува и помага во ВМРО-ДПМНЕ. Во наредниот период Извршниот комитет ќе биде проширен и со нови членови, нов генерален секретар, нов претседател на Унијата на жени и нов претседавач на Унијата на ветерани,“ изјави Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ избра нов Извршен комитет: Кои се старо-новите членови
Фото: ВМРО-ДПМНЕ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.