еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ВМРО-ДПМНЕ избра нов Извршен комитет: Кои се старо-новите членови

ВМРО-ДПМНЕ синоќа одржа седница на Централниот комитет на партијата на која што дискутираа за актуелната политичка состојба, но и значајни внатрепартиски случувања, информираат од таму.

„Новиот Извршен комитет го соочинуваат потпретседателите Александар Николоски и Владимир Мисајловски, членот Иван Иванов, поранешен пратеник од последниот би рекол пратенички состав пред да биде формиран новиот, како и членовите кои по функција се дел од ИК согласно Статутот, претседателот на УМС младиот Сергеј Попов и координаторот на Пратеничката група, Никола Мицевски,“ изјави лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Останатите членови на Извршниот комитет се:

Гордана Димитриеска – Кочоска, која што беше заменик технички министер во Министерството за финансии.

Рашела Мизрахи, која што беше технички министер за труд и социјала во Владата.

Стефан Андоновски, советник на Мицскоски во партијата.

Марија Андоновска, докторант на Стоматолошкиот факултет.

Олга Лозаноска, пратеник во Собранието.

Дафина Стојановска, член на ИК во партијата, пратеник.

Вело Марковски

Tрајко Славески

Владимир Ѓорчев

Драган Ковачки

Коце Трајановски

Кирил Пецаков

Антонијо Милошоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев се повлекол од партијата поради лични причини

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ одбиле вонреден конгрес: Мицкоски доби легитимитет да остане на чело на партијата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починато едно лице од Ковид-19, вкупно до сега 5.485

Редакција

За 16 месеци се инсталирани фотоволтаици со моќност речиси како еден блок од РЕК Битола

Редакција

Бизнисмените до новинарите: Направете го регистарот на професионални онлајн медиуми, ние ќе ве следиме

Редакција