Герас Цунев Трговија АД Струмица во првите три месеци од годинава оствари вкупен приход во износ од 971.147 денари и e приближно ист во однос на истиот период во 2022 година, информираат од Друштвото преку Македонската берза.
-Најголем дел од приходот во висина од 47% се остварени од издавање на простор под закуп, односно приход од закупнина.
Оперативните расходи бележат знaчителен раст и во овој период изнесуваат 1.928.794 денари.
Овој сооднос на приходи и расходи резултира со загуба од 964.671 денари, информираат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Струмички “Герас Цунев-трговија“ лани со загуба
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.