еМагазин
Image default
Локално

Ги прегазил со „БМВ“: Еден пешак почина, а друг тешко повреден

На 13.11.2018 година во 21,10 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Слупчане-Куманово патничко моторно возило “БМВ“ со кумановски регистерски таблици, управувано од Р.З. (21) од с.Липково-кумановско удрило во двајца пешаци Ф.Д. (34) и Б.Д. (39), и двајцата од с.Слупчане, информира МВР.

Во незгодата од здобиените повреди на пат кон Општата болница Куманово, Б.Д. починал, а кај Ф.Д. од страна на лекар биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Во Тетово голем пожар во поранешната фабрика „Македонија табак“

Редакција

(Фото) Како изгледаат новите автобуси на ЈСП-Скопје?

Редакција

Едно лице повредено во престрелка во Маџари

Редакција