еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

„Го сакам Водно“: Дали Македонија оди кон ЕУ, зависи и од односот кон Водно

Граѓанските активисти за спас на Водно, велат дека дебатата што се одвива во Град Скопје е далеку од она што тие го бараат, соочување на факти на неутрален терен, со непристрасен медијатор.

„Доаѓање на терен на еден од учесниците во уништувањето на Водно и главните актери, ги става граѓаните бранители во инфериорна позиција. Сепак ние како активисти, нема да одбиеме ниту една можност на граѓаните да им дадеме можност да ги слушнат сите аргументи против гасоводот низ Водно. Нашето присуство денеска на терен на градоначалникот, кој всушност ја има издадено дозволата за сеча низ Водно, не е никаква замена за уште едно соочување на национална телевизија, во нормално време кога граѓаните ќе можат да нè следат, и во која ќе учествуваат сите засегнати институции вклучително градоначалникот Шилегов, Макрадули од МЖСПП кој се согласи за дебата, и ни е чудно што не е денеска овде“, велат од „Го сакам Водно“.

Од таму додаваат дека овој проект е почнат во 2010, и е јасно дека е на штета на природата, на штета на Водно и не е во најдобар интерес на граѓаните и жителите во државава.

„Вие самите, во неколку наврати, при некои од многуте средби што ги имавме изминативе 4 месеци, кажавте дека сме 95% во право, па затоа ни е чудно зошто не го прекинете? Зошто наместо во овој период да се посветите и времето да го потрошевте во барање на најдоброто решение и алтернативна траса, го посветивте во создавање непријатели од нас граѓаните?

Ние немаме никаков интерес, освен најдоброто за нас како граѓани. Своето слободно време, свои лични материјални ресурси, ги посветуваме работејќи ја работата на државните институции, чија основна цел е да се грижат и да работат во најдобар интерес на нас граѓаните. Наспроти тоа, нè претворивте во условно „друга страна“. Ние не се откажуваме, но во моментов дали Македонија е на вистински пат кон ЕУ граѓанска држава зависи од вашите одлуки и вашиот пристап токму и по ова прашање“, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На 13 јули започнува постапката за чистење на малата депонија во ОХИС

Редакција

Убава вест од ЕУ: Целосна забрана на пластика за едонкратна употреба

Редакција

Државата не знае колку точно медицински отпад се создава, количините на пријавен и согорен не се совпаѓаат

Редакција