На 06.10.2018 година во 23,20 часот во Градско, Велес, во населба Стопанство на улица „8-ми Септември“ по претходна расправија помеѓу М.П. и Ш.Ф., Ш.Ф. влегол во дворот од куќата на М.П. и со лопата го удрил во пределот на главата и телото, а потоа со истата почнал да удира и по неговото возило, информира МВР.
На М.П. му е укажана лекарска помош во Општа болница Велес. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.