Министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки, кој не се „бави“ со граѓаните, месечно го плаќаме 72.621 денари нето, покажа алатката за отчетност на Влада.
Ако не се „бави“ со нас, зошто тогаш да го плаќаме? Ако не се бави со загадувањето, зошто е тогаш министер? Со што се „бави“? Министер е за да ДУИ бидат задоволни? Што имаме ние граѓаните од тоа? Ништо.
Додека цела земја се гуши од загадувањето, а посебно граѓаните на Скопје и Тетово, „типот“ за кој ретко кој знае во државата дека е министер, и кој секако е најодговорен за сериозниот проблем со загадувањето, „мртов ладен“ вели дека не се „бави“ со граѓаните и ако тие сакат да тужат, нека тужат.
За дел од мерачите за загадувањето, кои не работат вели ние не сме биле Швајцарија. А зошто да не сме Швајцарија? Треба да останеме дупка во која ќе се загушиме?
Во Македонија за жал некои работи никако да се променат и вистинските луѓе да се постават на вакви одговорни позиции.
Дураки е школски пример за тоа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е министерот Дураки познат како „Командант Вентили“, кому граѓаните не му се важни
Фото: Фејсбук/Садула Дураки