Министерство за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се пет, вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На кислородна поддршка се 35 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Вкупниот капацитет на клиниката изнесува 110 кревети.
„До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 25 нови, а вкупно хоспитализирани 120 пациенти. На респираторна машина се 12, a со потешка клиничка слика се 23 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 74 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19,“ информираат од Министерство за здравство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Убава вест: Оздравени 34 пациенти од корона вирусот, вкупно 1.757
Нови 134 случаи на заразени со корона вирусот, во Скопје дури 97
Чаир надмина 300: Како изгледа бројот на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини
Вкупно 201: Од корона вирусот починаа уште осум пациенти
Фото: МЗ