еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Годинава во светот нема да се постигне колективен имунитет од коронавирусот

Програмите за вакцинација во текот на оваа година нема да обезбедат колективен имунитет од светската пандемија, оценија здравствени експерти, забележувајќи дека причините за тоа лежат пред се во ограничениот пристап на вакцините до сиромашните земји, проблемите со довербата во одредени заедници и потенцијалните мутации на вирусот.

Дејл Фишер, шеф на Глобалната мрежа за предупредување и одговор на епидемиите, координирана од Светската здравствена организација, смета дека во скоро време нема да се вратиме во нормала, пренесе британскиот весник „Гардијан“.

– Знаеме дека треба да добиеме колективен имунитет и тоа ни треба во повеќето земји, така што тоа нема да се случи во 2021 година, рече тој.

– Можеби постојат некои земји што може да го постигнат тоа, но и тогаш ситуацијата нема да биде нормална, особено во однос на контролата на границата, додаде Фишер.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Becutan kids vits на Алкалоид ја освојува и далечната Монголија

Редакција

Објавена снимка за која се тврди дека се слуша како градоначалникот на Шуто Оризари, Дудуш, тепа човек во општината

Редакција

Бугарскиот бизнисмен Милен Врабевски финансира ново бугарско здружение во Битола, „Балкански мост“

Редакција