еМагазин
Image default
Забава

Горан Бреговиќ со спектакуларен концерт во „Де Факто“ Гевгелија

Големиот музичар, гитарист, продуцент, автор на филмска музика и основач на популарниот сараевски бенд „Бијело Дугме“, една од најпознатите југословенски поп/рок групи, Горан Бреговиќ, познат како Брега, доаѓа во Македонија.

Со мега спектакуларен концерт во „Де Факто“ во Гевгелија, на 25 јуни, најголемата балканска ѕвезда Бреговиќ, со својот оркестар од 12 музичари, пред околу 5.000 гости, во стилот по кој е познат, секогаш забавен и неуморен, ќе го одбележи стартот на богатата летна музичка програма.

Оваа посебна ноќ ќе биде запаметена со пеење во еден глас на  мегапопуларните хитови како „Мјесечина“, „Едерлези“, „Калашников“ и уште многу други со кои е запечатена неколку децениската кариера на Брега.

Приказната на дискотеката „Де Факто“ трае повеќе од 10 години, а денес несомнено важи за една од најдобрите и најголеми дискотеки во нашата земја, па нема сомнеж дека долго ќе се зборува за овој мегаконцерт.

Уште еден летен спектакал кој не смеете да го пропуштите.

Резервациите се во тек на 077530333 или [email protected].

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Најдобар пласман на Македонија на Евровизија: Тамара осма, победи Холандија

Редакција

(Видео) Пајак и Антониа Гиговска во дует за песната „Хабиби“

Редакција

Чалгија саунд систем следни на фестивалот „Светско, а наше“ во Јавна соба

Редакција