еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Горивата поевтинуваат од 2,5 до три денари за литар

Цената на бензинот Еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ се намалува за три денари по литар, а другите горива поевтинуваат за 2,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,39 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС – 95 изнесува 105,5 денари за литар, Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 108, Еуродизел БС (Д-Е V) за 101, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 99,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,085 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 51,564 денари.

Од РКЕ истакнуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек за 5,021 отсто кај бензините и за 4,102 отсто кај дизелот, додека  курсот на доларот во однос на денарот е повисок за 0,508 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) „Војна“ на улиците низ Солун: Се судрија студенти и полицијата

Редакција

За летување во Црна Гора нема да ви треба тест, ако заболете од Ковид-19 државата го презема лекувањето

Редакција

Детален преглед: Кои жени претприемачи добија субвенции од државата?

Редакција