Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 1,50 денари, за денар поскапува ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), а екстра лесното масло за домаќинство за 0,50 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 71 денари за литар, литар ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе чини 73 денари, а дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63 денари за литар, а се зголемува и цената на Мазутот М-1 НС за 1,144 денари и ќе изнесува 37,152 денари за килограм.
Зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати е во просек за 1,91 процент.
Регулаторната комисија за енергетика во образложението на одлуката наведува дека во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: бензинот за 2,671 процент, дизелот за 1,433 проценти, екстра лесното масло за 1,411 проценти и кај мазутот зголемувањето е за 2,244 процемнти.
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 1,332 проценти.