еМагазин
Image default
Бизнис

Витаминка лани работела со добивка

“Витаминка” АД Прилеп за периодот јануари – декември 2021 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот единечен Биланс на успех, информираат од компанијата преку Македонската берза.

„Остварените единечни вкупни приходи за 2021 година изнесуваат 3.048.395 илјади денари и во споредба со остварените во 2020 година бележат пораст од 18%.

Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 99%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност,  кои во споредба со остварените во 2020 година за извештајниот период бележат пораст од 18%.

Остварените единечни вкупни расходи за 2021 година изнесуваат 3.085.793 илјади денари и во споредба со остварените во 2020 година бележат раст од 22%.

Растот на вкупните расходи е во корелација со оперативното работење за  2021 година за извештајниот период и континуираниот раст на цените на репроматерјалите во меѓународни рамки.

Вкупните инвестиции во основни средства за 2021 година изнесуваат 218.564 илјади денари. Генерално инвестицијата се однесува на купувањето на опремата, недвижен имот, градежно адаптирање и вложувања во хартии од вредност“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Витаминка со намалена добивка

Витаминка откупи сопствени акции

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фершпед со добивка во првите шест месеци

Редакција

Владата ќе обезбеди грантови за рестораните за свадби до 10.000 евра, а за игротеките до 5.000 евра

Редакција

Прагот за ДДВ обврзници се зголемува на два милиони денари

Редакција