еМагазин
Image default
Бизнис

Факом лани со намалена добивка

Во периодот од 01.01 до 31.12.2021 година Факом АД Скопје оствари нето добивка од работењето во износ од 908.126 денари или за -41% помала од 2020 година, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“Ова се должи пред се на бројните предизвици со кои се соочи нашата компанија како резултат на моменталната криза предизвикана од Ковид-19 и го промени целокупното деловно опкружување.

Вкупните оперативни приходи во 2021 година изнесуваат 923.375.476 денари и истите се намалени за -23% во однос на 2020 година.

Финасиските приходи во 2021 година се зголемени за +9% во однос на 2020 година, како резултат на зголемените приходи врз основа на позитивните курсни разлики од работењето со неповрзани друштва. Вкупните приходи за 2021 година се намалени за -24% во однос на 2020 година.

Друштвото оствари вкупни расходи од 925.201.537 денари, кои се за -23% помали во однос на 2020 година. Намалувањето на расходите се должи на намалениот обем на работа“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Факом со намалена добивка во првите девет месеци од годината

Факом со намалена добивка во првите шест месеци од годинава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Централна кооперативна банка успешно реализира јавна понуда на обврзници во износ од 5.000.000 евра

Редакција

Владата и увозниците ќе ги анализираат можностите за субвенции при купување нови возила

Редакција

Општина Штип вработува шест лица, плата до 37.000 денари

Редакција