еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари

Бензините БС-95 и БС-98, како и Еуродизелот (Д-Е V) од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 денари за литар, а за три денари Екстра лесното масло за домаќинства, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Новата малопродажбна цена на литар Еуросупер БС-95 изнесува 83,50 денари, а 85,5 денари на Еуросупер БС-98.

Литар Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава по 87,50, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 84 денари.

Нагорна корекција за 1,140 денари има кај цената на Мазутот М-1 НС и килограм ќе чини 57,347 денари.

Со одлуката на РКЕ, се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,22 проценти во однос на одлуката од 25. месецов.

-Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,788 проценти или за 19,150 $/тон, кај  дизелот зголемување во просек за 2,412 проценти или за 28,700 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 2,184  проценти или за 24,450 $/тон, и кај мазутот зголемување во просек за околу 2,268 проценти или за 16,200 $/тон.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 56,0533 ден/$ и е за околу 0,133 проценти повисок од курсот на доларот (55,9790 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка, наведува РКЕ во образложение на Одлуката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„На тројца журкачи, двајца кодоши“: Твитер реакции за повикот на МВР граѓаните да пријавуваат журки и новогодишни забави

Редакција

Денеска почнува пролетта

Редакција

МЕПСО ја модернизираше трафостаницата Кавадарци

Редакција