еМагазин
Image default
Бизнис

Горивата поскапуваат по два денара за литар

Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,84 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС – 95 ќе изнесува 78,5 денари за литар, Еуросупер БС – 98 ќе се продава за 80,5, а Еуродизел БС (Д-Е V) и Екстра лесното масло за горење 1 (ЕЛ-1) по 71 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,386 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 44,213 денари.

Како причина за новите малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светските берзи во изминатите седум дена и тоа кај бензинот во просек за 4,856 отсто, кај дизелот за 4,802, кај екстра лесното масло за 4,821, и кај мазутот за 4,320 отсто, како и за 0,205 отсто понискиот курс на денарот во однос на доларот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Метанско гориво достапно и на бензинската станица на „Макпетрол“ во Гевгелија

Редакција

Инвестиција од 6 милиони евра: Отворена фабриката на турски „Чагатај Кабло“ во Бунарџик

Редакција

Реплек лани со намалена добивка

Редакција