еМагазин
Image default
Локално

Гостиварец со години затајувал персонален данок

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за кривично дело „даночно затајување“ според член 279 став 1 од Кривичниот законик, по претходно спроведена постапка.

Јавното обвинителство информира дека во период од 2014 до 2018 година, обвинетиот во својство на физичко лице, одбегнувал плаќање на персоналниот данок на доход.

Иако во наведениот период остварил приходи од 38.939.778 денари, тој приходите не ги навел во даночните пријави со што затаил персонален данок на доход во износ од 713.895 денари на штета на Буџетот на Република Северна Македонија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изработена интерактивна мапа за достава на храна и лекови за време на полицискиот час во Скопје

Редакција

За секое новороденче во Старо Нагоричане, 6.000 денари

Редакција

(Фото) 22-годишнo момче се преврте со возилото на кров, откако изгубило контрола на кружен тек во центарот на Тетово

Редакција