еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Граѓаните кои се вакцинираа со „АстраЗенека“ во Србија, Филипче ги упати на ревакцина таму

Граѓаните кои примија прва доза од вакцината „АстраЗенека“, а сакаат да се ревакцинираат со истата вакцина, тоа може да го сторат во соседна Србија. Министерството за здравство останува на препораката да не се прима ревакцинација од „АстраЗенека“ кај лица помлади од 60 години.

„Доколку граѓаните сметаат и имаат волја да ја примат втората доза на вакцината на „АстраЗенека“ тоа може да го сторат во соседна Србија. Ние не препорачуваме да се прими ревакцина од вакцината „АстраЗенека“ кај сите кои имаат возраст помала од 60 години,“ изјави министерот за здравство Венко Филипче при гостувањето во централниот дневник на телевизија „Сител“.

Засега, Министерството останува на ставот оваа вакцина да се дава на лица постари од 60 години.

„Ние засега нема да ја даваме вакцината на „АстраЗенека“ кај помлади лица од 60 години затоа што сепак има мала бројка на тромботични ситуации кои се посебно предизвикани кај помлади луѓе и сметаме дека треба да бидеме внимателни.

Се уште нема јасна препорака, иако има некои најави, дали лицата кои се помлади од 60 години, а ја примиле прва доза од „АстраЗенека“ дека треба да примат друга вакцина.

Од препораките што ќе произлезат од националните агенции на некои европски држави или од Европската агенција за лекови, ќе зависат и нашите препораки,“ рече Филипче.

Појасни дека тромботичните реакции се јавуваат отприлика 14 дена по примањето на првата доза од вакцината.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Бугарите во Уставот кога мојата баба во Благоевград ќе може да биде Македонка, а не Бугарка: Димитриевски за БНТ1

Редакција

Костадин Костадинов е нов портпарол на СДСМ

Редакција

Зошто “исчезнаа“ податоците за заболени со Ковид-19 по скопските општини и други податоци за коронавирусот

Редакција