еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Граѓаните кои за викенд треба да се ревакцинираат во Србија, веќе добија известувања од е-Управа

Граѓаните кои за претстојниот викенд треба да се ревакцинираат во Србија, веќе добија известувања од српската е-Управа за термини.

Ревакцинацијата ќе се изврши во градот каде што била примена првата доза на вакцина.

Здравствените домови во Ниш и Врање информираа дека ревакцинацијата не може да се изврши кај нив, ако на пример, сте се вакцинирале во Белград. Оттука, граѓаните кои се вакцинираа во Белград, добија термини за ревакцина таму.

Министерот за здравство Венко Филипче, иако најави, сепак не се договори со српскиот колега Златибор Лончар, вакцините на пример од Белград, да бидат донесени во Ниш или Врање.

Најголем дел од граѓаните кои примија вакцина викендот на 27 и 28 март се вакцинирани со „АстраЗенека“, вакцината, која кај нас не се дава на лица под 60 години.

Најголем број на ревакцинација на македонски граѓани во Србија се очекува од 17 до 21 јуни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче договара со Лончар, ревакцинирањето на македонските граѓани да биде во Ниш или Врање

Само лицата над 60 години кои се вакцинираа во Србија со „АстраЗенека“, ќе се ревакцинираат во Македонија

Продолжува масовната вакцинација во Србија: Во Врање досега вакцинирани 4.502 Македонци

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Русија остануваме Република Македонија: Не го менуваме ставот од пред 26 години

Редакција

„Руд-коп“ го доби тендерот за ископ на јаловина во Брод Гнеотино вреден 5,3 милиони евра

Редакција

Кои се најтргуваните акции на Македонската берза во првото полугодие

Редакција