еМагазин
Image default
Бизнис

Град Скопје ќе им ги зголеми платите на вработените за 2.800 денари

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска со репрезентативната синдикална организација на Град Скопје, потпиша измени на Колективниот договор на ниво на работодавец Град Скопје со кои се врши линеарно зголемување за сите вработени во градската администрација од 2.800 денари, освен за оние за кои веќе имаше зголемување по основ на зголемување на минимална плата, информираат од скопската локална самоуправа.

-Градот Скопје е прва институција која врши линеарно зголемување за усогласување на платите согласно барањата на репрезентативниот синдикат на Град Скопје, а во интерес на унапредување на работничките права. Со ова усогласување се излегува во пресрет на потребите на вработени на Град Скопје, со цел амортизирање на негативните ефекти од двоцифрената инфлација и економската криза со која се соочени, истакна Арсовска.

Со усогласувањето се предвидува линеарно зголемување на платата за 2.800 денари на сите административни службеници, на вработените во Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје и вработените ангажирани согласно ЗРО, освен за оние вработени во Град Скопје чие зголемување на плати веќе беше направено со зголемување на минималната плата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пад на обемот на превезена стока во железничкиот и воздухопловниот транспорт

Редакција

Инвеститорски ден на Берзата со 242 трансакции, прометот во БЕСТ системот над 516 илјади евра

Редакција

МВР склучи договор со Доајен дата систем Мирослав вреден 441,3 илјади евра

Редакција