еМагазин
Image default
Бизнис

Заев сега вели дека со прогресивниот данок сме влегле во ризик

Прогресивниот данок не ги даде очекуваните резултати од причина што земјава е опкружена од земји каде што даноците се многу ниски и генерално имаат рамен данок, истакна денеска премиерот Зоран Заев.

Смета дека е ретко некоја власт, чесно да истапи пред својот народ и да ја повлече оваа мерка.

-Да, направивме исчекор, почнавме еве на крај на годината сме и признаваме дека не ги донесе резултатите. Ова е само израз на чесно владеење, што ќе продолжи оваа Влада да го практикува.

Заради тоа што постоиме и работиме за народот и секогаш е почесно да ги признаете грешките и да повлечете чекор назад, отколку буквално да продолжите во нешто од пусти каприц и само да покажете дека сте исправен во тоа што сте почнале како политика, вели Заев.

Смета дека со овој потег се флексибилни кон стопанството и работниците, а анализите покажале дека капиталот е мобилен и овозможува отварање на сметки надвор од државата.

-Растот на персоналниот данок е повеќе од 14 проценти оваа година, но ова не се должи само на прогресивниот данок, туку заради тоа што имаме 54.000 нови работни места. Тие плаќаат персонален данок, заради тоа што платите растат, а расте и персоналниот данок за платите.

Во споредба со овие една милјарда и 850 милиони евра, повеќе наплатени пари од персонален данок или 14 посто, ако го споредиме делот на наплата на приходот од данок на добивка, досега е помал за две милијарди и четрсто. Само ако ги споредиме овие две приходни ставки, гледаме дека сме навлезени во еден ризик, којшто веројатно во едно несоодветно време, кога во целиот овој наш регион, скоро сите земји имаат рамни даноци и во време кога државата влезе неподготвена да ги заштити пред се информатичарите, интелектуалната класа или академска, која е со едно сериозно образование, генерира приход повеќе од 18.000 евра годишно или 1.500 евра месечно.

Сето тоа на еден начин го стават во функција да отворат сметка во Косово, Србија, Бугарија и истовремено да ја премести својата компанија, вели Заев.

Премиерот истакна дека токму врз овие анализи за прогресивниот данок е можно и странските компании не се мотивирани да влозжуваат во земјава, а пред се во високите технологии и информатичкиот сектор.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како Заев го бранеше прогресивниот данок

„Владата ќе им даде 30-40 милиони евра на Заевци, Кочовци, Нини, Камчевци и Мијалковци“, вели Јовановиќ за пролонгирањето на прогресивниот данок

Тевдовски до пратениците на СДСМ: Ако го укинете прогресивниот данок не сте социјалдемократи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државните институции потрошиле 8 милиони евра за нови автомобили во последните две ипол години

Редакција

Централна кооперативна банка лани оствари добивка од 9,8 милиони денари

Редакција

На барање на Македонија, Србија ќе ни испорача 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка

Редакција